Кога група сопственици на зградите на Менхетн дознале дека постои план за да се изгради голем облкодер во нивното соседство кој целосно ќе го замагли погледот од нивните прозори, тие решија да му понудат на инвеститорот 11 милиони долари за да не гради.

Во шумата на високи згради во Њујорк, глетката е бесценет. Погледот се чува, и кога е потребно борбата за него започнува. Веќе долго време се водеше спор околу погледите кон мостот Бруклин, кој е блокиран од нови крајбрежни станови, како и за становите на милијардерите што ги фрлија во сенка погледите на Централ Парк.

Кога жителите на 12-катната зграда во Челзи дознаа дека предложената кула која треба да се гради во нивното соседство целосно ќе ги замагли нивните прозорци и ќе го блокира погледот на зградата „Емпајр стејт“, тие се одлучија за помалку насилен пристап.

Имено тие се собраа и му понудија необична понуда на инвеститорот: 11 милиони долари за да не гради.

Кога се дознало дека сопствениците на некогашниот магацин од 520 метри квадратни, простор двојно поголем од просечниот американски нов дом, беа подготвени да платат толку голема сума само за да го зачуваат погледот, одекна во Њујорк.

Сопствениците се определија за типичната стратегија на инвеститорите и ја свртија наопаку. На соседната парцела, тие си го обезбедиле правото кое дозволува ѕидот на една зграда да биде повисок од дозволеното. Но, тие секако немаат намера да го остварат тоа право, туку да го спречат инвеститорот да изгради зграда повисока од три или четири спрата на аголот на Седмата авенија и улицата „Западна 17-та“.

Луѓето купуваат секаков вид на имот во соседството, но никогаш не сум слушнал дека некој е подготвен да вложи толку пари во нешто толку нематеријално, како погледот од прозорецотво нивниот дом“, се прашува Јордан Баровиќ, потпретседател на фирма за недвижнини. Овој договор беше постигнат уште во 2016 година, но ниту една од вклучените страни не сакаше да зборува за тоа.

„Тоа беше скапо. Не би рекол, премногу скапо, но скапо беше “, беше подготвен да го сподели своето мислење Џон Мјуз инвеститор од Тексас и сопственик на стан во зградата во која живеат неговите деца.

Не сите станари платиле иста сума. Сопствениците на долните катови платиле помалку, а оние на најниското ниво не плаќале ништо. Г-н Мјуз призна дека е засрамен, но не може да се сети колку плати. Можеби, околу еден милион долари за станот на неговите деца.

Истражувањето покажало дека во последните пет години, ова не е единствениот пример за сличен договор помеѓу закупецот и сопственикот на соседна парцела. Во еден случај со соседите на Зен Стадис на Источна 67-та улица, станарите од шестокатницата платиле 3,25 милиони американски долари за да го купат „правото на воздух“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2019 03:11