Во рамки на полициската акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум мажи и три жени кои поседувале големо количество оружје, меѓу кои и огнено, како и над 100 куршуми.

Специјалните служби претпоставуваат дека групата планирала да го употреби оржјето за време на денешните собири и на тој начин да ја дискредитира полицијата.

Осомничените се уапсени поради поседување огнено оружје без дозвола, носење предмети кои можат да причинат штета, за поседување забрането оружје и за незаконско собирање.

Првпат од почетокот на протестите е одземен пиштол, што предизвикало вознемиреност меѓу органите на редот и мирот. Одземени се и палки, ладно оружје, солзавци и два панцира.

Се претпоставува дека дел од притворените се припадници на радикална група, која во октомври ја гаѓаше полицијата со молотови коктели.

Од јуни во Хонгконг се одржани над 900 собири и протестни маршови. Во тој период се уапсени околу шест илјади луѓе, а против 932 демонстранта се покренати обвиненија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2019 11:18