Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Хонгконг за да одбележат половина година против власта на таа автономна кинеска територија.

Демонстрантите скандирале „Борба за слобода“ и „Бидете со Хонгконг“, формирајќи огромна човечка змија низ центарот на градот.

Многумина држеле подигнати пет прсти, кои ги означуваат петте барања на демонстрантите, вклучувајќи и демократски избори.

Полицијата претходно ги забрани протестите, откако тие станаа насилни, но го дозволи денешниот марш по неколку недели релативен мир.

Во меѓувреме, пред самиот почеток на денешниот протест беа уапсени 11 луѓе, откако кај нив било пронајдено големо количество оружје.

Специјалните служби претпоставуваат дека групата планирала да го употреби оржјето за време на денешните собири и на тој начин да ја дискредитира полицијата.

Осомничените се уапсени поради поседување огнено оружје без дозвола, носење предмети кои можат да причинат штета, за поседување забрането оружје и за незаконско собирање.

Првпат од почетокот на протестите е одземен пиштол, што предизвикало вознемиреност меѓу органите на редот и мирот. Одземени се и палки, ладно оружје, солзавци и два панцира.

Се претпоставува дека дел од притворените се припадници на радикална група, која во октомври ја гаѓаше полицијата со молотови коктели.

Од јуни во Хонгконг се одржани над 900 собири и протестни маршови. Во тој период се уапсени околу шест илјади луѓе, а против 932 демонстранта се покренати обвиненија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2019 11:18