Тргнувајќи од светскиот тренд на една од најбрзо растечките гранки и согласно големиот развоен потенцијал на дејноста угостителство и туризам, денеска во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи тркалезна маса на тема „Стратешки развој на туризмот и угостителството за поголеми економски ефекти“.
Настанот е во организација на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Министерството за економија на Република Македонија.
На тркалезната маса најавено е учество на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски, директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од ЕУ, а поддржан од Светската банка, Антонија Шишак и Елена Младеновска-Јеленковиќ од Здружение на вина на Македонија.