Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува компаниите да ги почитуваат оврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината.

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), како што соопшти МТСП, е право што е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач.

– Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор, наведуваат во соопштението.

МТСП ги повикува и работниците, неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Напоменуваат дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно Закон.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 11:28