Македонија е земја што не излегува на море, сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Државата е една од наследничките на Југославија, од која прогласи независност во 1991 година под името Република Македонија. По спорот со Грција за името, Македонија го смени името во „Република Северна Македонија“ во февруари 2019 година.

Земјата се граничи со Албанија, Бугарија, Србија, Грција и Косово. Со површина од приближно 25.713 квадратни километри, земјата е на 145. место според површина во светот. Македонија брои население од околу 2,1 милиони жители и има густина на население од 207,5 лица на метар квадратен. Поголемиот дел жители се етнички Македонци, но и Албанците и Турците се значителен дел од населението.

Природни суровини на Македонија

Од осамостојувањето, Македонија има спроведено низа економски реформи. Земјата се смета за отворена економија, а во последните години, 90 отсто од нејзиниот БДП се должи на трговијата. Приватизацијата ги зајакна резервите на земјата. Македонија е богата со природни суровини, вклучително скапоцени минерали како злато, железна руда, сребро, бакар, манган и олово. Другите суровини опфаќаат неметални минерали, обработлива почва и земјоделски производи како тутун, грозје и зеленчук.

Рударството, копањето камен, технолошката пареа и природниот гас учествуваа во БДП на земјата со 15,6 отсто во 2014 година, а учеството се очекува да се зголеми со оглед на тоа што бројни претпријатија (180) ги истражуваат ресурсите на земјата.

Подолу се наведени најважните природни ресурси на Македонија.

Бакар и злато

Македонија има историја на рударство долга како ретко која друга земја на Балканскиот Полуостров, со активни минерали како бакар и злато, меѓу другите. Бакарот и златото се меѓу најстарите минерали во земјата и биле користени во многу антички култури. Денес, бакарот главно се користи во градежништвото и како спроводник во електриката. Златото главно се користи за кованици, во стоматологијата и електрониката. Македонија има неколку рудници за бакар и злато, од кои повеќето сè уште се во фаза на истражување.

Според Геолошкиот завод на САД, Македонија има вкупна резерва од приближно 79.030 килограми злато и 510 милиони тони бакар. Во 2014 година, единствениот рудник на бакар што активно работеше беше рудникот Бучим, тогаш управуван од кипарската „Солвеј Инвестмент Груп“. Компанијата сега го истражува рудникот „Кадиица“. Во земјата има и неколку проекти за злато, како проектот за злато-бакар „Иловица“ во сопственост на „ЕУромакс Ресурси“. Другите проекти за ископување злато и бакар што се во фаза на истражување опфаќаат две концесии за истражување што ги добија „Резервоар Минералс“.

Олово и цинк

Оловото и цинкот се меѓу најважните и највредни метални суровини на Македонија. Двата минерали се произведуваат во рудникот „Саса“, кој го управуваше „Солвеј Инвестмент Груп“, и во рудниците „Тораница“ и „Злетово“, управувани од „Индо Минерали и Метали“. Рудникот „Злетово“ се наоѓа во источниот дел на вулканскиот комплекс Кратово-Злетово. Наслагите пронајдени во рудникот се класифицирани како суб-вулканско хидротермално цинк-олово, составено од пирит, халкопирит, сфалерит и галенит. Резервите во рудникот „Злетово“ се проценуваат на околу 13 милиони тони. „Солвеј Инвестмент Груп“ вложи 22 милиони американски долари за подготовка и надградба на рудникот со објекти и опрема.

Јаглен

Македонија е значаен производител на лигнит и има над 2,5 милијарди тони лигнитни резерви. Лигнитот во земјата е главна суровина за производство на електрична енергија. Јагленот главно го истражува АД ЕЛЕМ во неколку рудници, вклучувајќи ги рудниците „Брод-Гнеотино“ во Мариово, „Суводол“ и „Дримкол“. Најголемите рудници за јаглен во земјата се рудникот „Суводол“ и рудникот „Осломеј“ со вкупен капацитет од 7 милиони тони годишно, кои се проценува дека ќе траат приближно 15 години. Во сливот на Пелагонија во моментов се истражуваат можни наоѓалишта на лигнит.

Просечната потрошувачка на земјата е 7,6 милиони тони од кои околу 95 отсто се користат за производство на електрична енергија. Со сегашното ниво на потрошувачка, се очекува Македонија да почне да увезува јаглен во 2025 година, бидејќи наслагите јаглен во одредени рудници веќе се исцрпуваат. Половина од увезениот јаглен, најверојатно, ќе биде искористен за производство на електрична енергија.

Други минерални ресурси

Покрај горенаведените минерални суровини, Македонија поседува и изобилство метални суровини како железна руда, челик, никел и сребро. Овие суровини ги има во различни делови на земјата, како Скопје, Живојно и Мариово, а значително придонесуваат кон рударството во земјата. Меѓутоа, овие минерали се појавуваат во мали количества и во мигов се истражуваат. Владата на Македонија е заинтересирана да оствари партнерство со странски компании што имаат намера да ги направат овие минерали, особено железната руда, економски одржливи.

Обработлива почва

Земјоделството игра важна улога во економијата на Македонија. Тоа е трет сектор по големина и придонесува многу во извозот на земјата. Земјоделските култури како пченица, грозје, тутун и зеленчук се меѓу најодгледуваните во земјата. Пченицата претежно се одгледува во јужниот и централниот регион на Македонија, додека житарките како пченката и јачменот се произведуваат низ целата земја.

Годишно, земјата произведува приближно 378.000 тони пченица, 142.000 тони јачмен и 200.000 тони пченка. Други важни култури произведени во земјата се: домати, сончогледови семки, ореви и цвекло. Македонија е и голем производител на грозје, со просечно производство од 32.000 тони годишно.

Шуми

Шумарството во Македонија долго време беше запоставувано поради неговиот ограничен удел во БДП. Секторот обично се спојува со земјоделскиот сектор, што го отежнува мерењето на неговиот удел во економијата. Македонија има една од најголемите шумски покривки на Балканот, со околу 950.594 хектари или 37 отсто од вкупната површина. Според висината, високите шуми сочинуваат помалку од 30 отсто од вкупната шумска покривка, а ниските шуми сочинуваат 70 отсто.

Шумите во Македонија содржат околу 60 милиони тони жив шумски биом. Во последниве десет години, просечниот бруто обем на исечени дрва е 1,03 милиони кубни метри од кои 76 отсто потекнуваат од шуми во државна сопственост, а остатокот од приватни шуми. Околу 75 отсто од исечените дрва главно се користи како гориво, особено во индустриската преработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 13:17