Трговците од државава избраа 100 бренда што секоја добро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2020 година. Изборот во нашата држава се прави втора година по ред, во организација на InStore, специјализиран магазин за трговија со стоки за широка потрошувачка.
InStore ги објави брендовите во луксузното специјално издание 100 MUST HAVE 2019/2020 што бесплатно се дистрибуира до заинтересираните.
Истражувањето беше спроведено теренски и по пат на телефонска анкета, во периодот август – октомври 2019 година, на примерок од 350 испитаници (трговци) и 1.200 бренда.
Изборот на 100-ТОП брендови е регионален проект на InStore. Специјални едиции се издаваат и во Србија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.