Во Скопје денеска ќе се одржи четвртото издание на Берзата за дојдовен туризам во државава, во организација на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ), со поддршка од Туристичко-угостителската комора, Министерството за економија и Амбасадата на Швајцарија, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Целта на настанот е да се подобри комуникацијата меѓу различните групи чинители во дојдовниот туризам, да се помогне во разбирање на нивните бизнис-потреби и да се овозможи полесно приспособување на туристичката понуда на државата во согласност со светските трендови.

Берзата ќе ги обедини сите чинители во секторот туризам и угостителство и освен со локалните фирми и поединци со дојдовна туристичка понуда ќе можат да се сретнат со претставници на туроператори од Словенија и од Италија.

Најавени се обраќања на министерот за економија Крешник Бектеши, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада и претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2019 11:03