Астероиди, моќни да ја уништат човечката цивилизација, паѓаат на Земјата еднаш на 100 милиони години, изјави Игор Бакарас, раководител на Информативно-аналитичкиот центар за безбедноста на Земјината вселенска средина при руската вселенска агенција „Роскосмос“.

Според една од хипотезите. смртта на диносаурусите пред 65 милиони години е предизвикана од астероид или комета со размер од 10 километри. Трага од паднатото тело е 300-километарскиот кратер Чиксулуб на дното на морето крај јужно Мексико.

– Според научниците, судирот на Земјата на небесно тело со размер од околу 10 километри е моќен да го уништи човековата цивилизација и тоа може да се случи од прилика еднаш во 100 милиони години. Во историјата на современиот човек (околу 100.000 години) немало такви судири, објаснува Бакарас.

Паѓањето на астероид со дијаметар од еден километар, може да доведе до светска катастрофа. Во тој случај, кратерот ќе биде околу 20 километри.

– Тоа се случува приближно еднаш на секои милион години, додава научникот.

Астероиди со дијаметар од 100 метри можат да предизвикаат регионално уништување, со суша (радиусот на кратерот би бил два километра)… Или пак, да отпочнат цунами ако вселенското тело падне во океан. Тоа се случува на секој 3.000 години.

Бакарас истакнува и дека дијаметрите на повеќето небесни тела и параметрите на орбитите не се точно утврдени.

До почетокот на 2019 година, како опасни вселенски објекти во Сончевиот систем, се обележани 18.000 тела, од кои 99 отсто се астероиди.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2019 11:51