Островот со големина на две фудбалски игралишта кој едвај е видлив на мапа, каде што нема патишта и каде луѓето живеат многу блиску еден до друг, се наоѓа во Колумбија, на двочасовно возење со брод од Картагeна.

Не толку далеку од колумбискиот брег се наоѓа островот Санта Круз дел Изолт, кој е нешто повеќе од два хектари и едвај видлив на карта. До пред неколку децении овој остров не беше населен, но за рибарите беше идеално место за одмор и засолниште од невремето.

Потоа, некои од нив решија да останат таму, па уште неколку им се придружија, со што Санта Круз стана најнаселениот остров на светот.

Околу 1.200 луѓе живеат на парче земја кое четири пати погусто населено од Менхетен - без вода, канализација, полиција и болница.

Островот има ограничен пристап до вода, храна и електрична енергија, но сепак 45 семејства сè уште живеат во 97 домови на 12.000 к вадратни метри земја.

Островот се наоѓа во област која е опкружена со многу океански корали, па затоа беше и идеална дестинација за рибарите да ги градат своите домови.

Првите генерации доселеници на островот - пра-бабите и дедовците на сегашните генерации островјани – имаат направено куќи од морски и земјени производи.

За изградба на домовите се користени морски школки, лушпи од кокос, дрвја од соседните острови, песок, па дури и ѓубре.

Иако има многу морски плодови, останатата потребна храна и средства за домаќинство се носи со брод. Колумбиската морнарица го снабдуваше островот со вода за пиење до неодамна, но тоа не е случај веќе неколку месеци, така што жителите почнаа да користат буриња за дожд за да соберат вода за пиење и за капење.

Училиштето на островот трае до десетто одделение, така што учениците се принудени или да патуваат или да го напуштат островот. Сепак, многу од децата одбираат да останат со своите семејства.

Сепак, и покрај тешките услови за живот, жителите велат дека се среќни и живеат во хармонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 04:25