Традиционалната годишна манифестација „Македонски квалитет 2019“ во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, и годинава ќе оддаде признание на националните бренд амбасадори кои придонесуваат за развој на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет дома и интернационално.
На свечената промоција што ќе се одржи денеска, признанијата за македонски квалитет ќе се доделат согласно прецизно воспоставените критериуми на десет добитници кои годинава постигнаа врвни рeзултати секој во својот домен на делување.
Манифестацијата „Македонски квалитет“ се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси за тековната година