Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска му честиташе на Борис Џонсон на победата на неговата Конзервативна партија на вонредните парламентарни избори во Велика Британија и порача дека ЕУ очекува британскиот Парламент наскоро да спроведе гласање за Брегзит.
-Ние очекуваме, што е можно поскоро, гласање во британскиот Парламент….., рече Мишел, додавајќи дека е важно да бидат јасни плановите на Лондон по триумфот на Џонсон на изборите.
Тој истакна дека ЕУ е подготвена да преговара за договор за слободна трговија со Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.
-Ние сме подготвени, рече Мишел обраќајќи им се на новинарите при доаѓањето на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ.