Управата за јавни приходи денеска соопшти дека се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец.

Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.

Досега, според информациите на УЈП, поврат на ДДВ е исплатен кај над 50 проценти од корисниците на МојДДВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2019 21:27