Организацијата „Блокираме“ ја продолжува традиционалната манифестација #ТвитерНагради, која годинава ќе се одржи во соработка со Младинскиот културен центар Скопје.

На манифестацијата ќе се доделат награди во 26 категории кои се однесуваат на Твитер, Инстаграм, Фејсбук и видео блогови на ЈуТјуб. Мотото на настанот е „Од заедницата, за заедницата“.

По осми пат, оваа манифестација која ја мери успешноста на корисниците на социјалните мрежи, ќе се одржи на 14.12.2019 (сабота) во Градско кино Милениум со почеток во 20 часот.

Посетителите на манифестацијата ќе донираат средства кои организацијата ги наменува во хуманитарни цели.

Твитер награди е настан каде корисниците на Твитер, Инстаграм, Фејсбук и ЈуТјуб номинираат, гласаат и избираат свои фаворити за изминатата година. Во октомври, ноември и декември, корисниците сами номинираат свои фаворити и гласаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2019 01:24