Претставничката на Јамајка Тони Ан-Синг е избрана за „Мис на светот за 2019 година“.

На синоќешната церемонија во Лондон, круната и ја предаде минатогодишната победничка Ванеса Понс од Мексико, јавија британските медиуми.

-Сакам да донесам промена што ќе биде оддржлива. Доколку зборуваме за жените…… тоа мора да биде нешто што ќе ги обезбеди нивните деца и децата на нивните деца да имаат поинаков живот, рече Тони Ан-Синг пред новинарите по освојувањето на титулата најубава жена на светот.

На второ место се пласира Мис на Франција, а трета беше Мис на Индија



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2019 17:52