Хрватскиот пејач Петар Грашо викендов оддржа три концерти во Македонска филхармонија во организација на „Авалон продукција“.
Моментот на ерупција од гледачите на концертот кој се оддржа вечерва се случи, очекувано на песната „Ако ме питају“ но и кога пред преполната сала во Филхароминија поздравувајќи ги присутните рече: Ви благодарам Скопје, ви благодарам Македонија. Може требаше да го кажам новото име но некои работи се менуваат на хартија а за мене Македонија останува во моето срце.