Две лица загинаа во северниот дел на Алабама, а едно во Луизијана кога неколку торнада го погодија југоистокот на Соединетите Американски Држави, уривајќи покриви, дрвја и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија, соопштија властите.

Најголемото невреме и штета беше регистрирано вчера утро во делови од Луизијана, Мисисипи, Алабама и Тексас.

Најмалку 28.300 луѓе останаа без струја во Мисисипи, Луизијана и Алабама.

– Специјални тимови ќе бидат испратени да за да ја проценат штетата, изјави Рич Томпсон, главен метеоролог во Националниот метеоролошки центар за предвидување невреме.

Како што се наведува, во текот на денот се очекуваат дополнителни удари од ветер и дожд, додека бурата се движи југоисточно кон Џорџија, Флорида и бреговите на Северна и Јужна Каролина.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2019 15:05