Поморски археолози близу брегот на Мексиканскиот Залив пронајдоа две железни сидра стари 500 година, кои можат да откријат нови сознанија за шпанската инвазија на американскиот континент.

Претпоставките говорат дека сидрата ѝ припаѓале на флотата на Шпанецот Ернан Кортез, кој го покорил Ацтечкото Царство во 16. век. Во таа област минатата година е откриено уште едно дрвено сидро со потекло од Шпанија.

Сите три сидра се пронајдени северно од пристаништето Веракруз. Кортезовата флота во 1519 година се сместила токму таму, каде што бил изграден тогашниот град Виља Рика.

По 1521 година, т.е. по победата над Ацтеките, градот се претворил во прилично прометно пристаниште. Археолозите се надеваат дека откритието ќе води до уште повеќе подводни пронајдоци поврзани со шпанската инвазија. Досега се посочени 15 можни локации на кои се наоѓаат други остатоци од бродовите.

– Освојувањето на Мексико било исконски настан во историјата на човештвото, а бродските трупови, ако ги пронајдеме, ќе бидат симбол на судирот на културите кои денешниот запад ги довел до она што денес претставува сè тоа, нагласи поморскиот археолог Фредерик Ханселман.

Се верува дека Кортез ги уништил бродовите така што или ги запалил или пак, намерно ги потопил, за да спречи екипажот да се повелече од мисијата.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Обрадор претходно оваа година побара од Шпанија да се извини на мексиканските староседелци поради злосторствата при средновековната инвазија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2019 10:51