Во Министерство за финансии денеска ќе бидат потпишани договори за проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“.

На настанот е најавено обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, директорката за инфраструктура на ЕБОР, Сузан Горансон, директорот на сектор на ЕИБ за кредитирање во Словенија, Хрватска и Западен Балкан, Матео Ривелини и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 10:31