Водоснабдувањето на булеварот „Трета македонска бригада“ утринава од 6 часот е нормализирано, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Жителите од овој дел на градот немаа вода од вчера од 10 часот. Од „Водовод и канализација“ информираа дека се работи за поголем уличен дефект.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 10:44