Центарот за граѓански комуникации денеска ја објави„Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија“. Анализата ја детектира состојбата и успешноста во работењето на 30 најголеми претпријатија во сопственостна државата и локална самоуправа чиишто вкупни приходи во 2018 година изнесувале 737 милиони евра и чии број на вработени изнесува 22.864.
Анализата е направена врз основа на 5 групи на финансиски индикатори изведени од годишните сметки на претпријатијата за периодот 2015-2018 година. Станува збор за индикаторите за профитабилност, ефикасност, финансиска стабилност, економичност и ликвидност на претпријатијата. Анализата го расветлува работењето на сите 30 претпријатија заедно и за секое од нив поединечно.
Дел од сумарните наоди покажуваат дека:
• Вкупните приходи на 30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот 2015–2018 година се намалиле за дури 35%.
• Просечната стапка на профитабилност за анализираните 4 години изнесува скромни 5,9%.
• Наплатата на побарувањата на анализираните компании претставува слаба алка на работењето и изнесува 265 дена за 4те години, односно 243 дена за 2018 година.
• Обврските ги плаќаат во уште подолги рокови, за 514 дена просечно, односно 497 дена за 2018 година. Вообичаено во бизнисот компаниите што плаќаат со вака долги рокови се избегнуваат, или заради роковите на плаќање им се даваат значително повисоки цени одпазарните.
• Кредитната способност покажува дека вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (87%, односно 96% за 2018година).
• Анализиранитепретпријатијауспеваатдаработатпозитивно,покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4% (за 2018 година,6%).
• Анализираните претпријатија поседуваат доволно парични средства за покривање на краткорочнитеобврски.
Анализата „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“е објавена на веб платформата www.opendata.mk.