Австриски Ред Бул Салцбург се пошегува со европскиот шампион Ливерпул, а причината за тоа е трансферот направен меѓу двата клуба – Такуми Минамино замина во Англија за 7,25 милиони фунти. Ова е трет играч, што во одредена етапа од кариерата го носи дресот на Салцбург, а подоцна преминува во тимот од Мерсисајд.

„Еј, Ливерпул, кој е следен“ – се наведува во кратката порака на Твитер на официјалната веб-страница на австрискиот тим. Садио Мане беше во Салцбург од 2012-2014 година, по што се пресели во Саутемптон, од каде слета на „Енфилд“. Наби Кеита е кај австриските шампиони од 2014 до 2016 година, заминува во германскиот Лајпциг, од каде беше привлечен во Ливерпул.

Вчера стана јасно дека Такуми Минамино се пресели од Салцбург кон Ливерпул, што ја предизвика шегата на австрискиот клуб.

Двата тима беа противници во годинашната групна фаза во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 13:50