Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервеирелд, потпиша нов договор со клубот. Договорот е до 2023 година. Во текот на последните две сезони, шпекулациите го испраќаа Белгиецот каде ли не, но тој на крајот се согласи да ја врзе својата иднина со „петлите“. Во текот на летото, неговите права можеа да бидат откупени за 25 милиони фунти поради клаузулата во неговиот стар договор. Сепак, трансферот така и не беше остварен.

Алдервеирелд пристигна во Тотенхем од Атлетико Мадрид во јули 2015 година. Оттогаш има забележано 179 натпревари лондонскиот тим на сите турнири.

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо, сакаше да го земе Белгиецот додека беше на чело на Манчестер Јунајтед. Сега Португалецот го убеди 30-годишниот дефанзивец да остане во Лондон.

– Јас сум многу среќен. Мислам дека не постојат соодветни зборови за да се опише чувството дека ќе останам тука уште неколку години. Нема друго место, на кое ќе бидам посреќен. Чест е да играм за овој клуб, рече Алдервеирелд за официјалната страница.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 13:55