Тренерот на Монако, Леонардо Жардим ќе ја напушти функцијата по 19-то коло од француското првенство против Лил, пренесуваат француските медиуми.

Според нив, исходот од мечот нема да влијае на иднината на Португалецот. Средбата ќе се одржи утре, 21 декември.

Четириесет и пет-годишниот Португалец се врати во Монако по втор пат во јануари 2019 година, потпишувајќи договор до летото 2021 година.

Монако, по 17 одиграни натпревари, се наоѓа на деветтото место во францускиот шампионат, со 25 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 14:49