Средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2020 по 28 пат ќе се одржи денеска во организација на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Средбата ќе се одржи во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумот и здравичарот – Антони Пешев и Климе Коробар,потоа минатогодишниот кум и здравичарот- Љупче Николовски и Миливое Алексиевски, а потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.

Локацијата, како што велат организаторите лесно се наоѓа, крстосницата на патот за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка-Света Петка, а до неа најлесно се стасува кога ќе се скршне десно од патот за Драчево кон Батинци, кај мостот на Маркова Река.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2019 12:17