Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо сè уште не може да смири по поразот од Челзи од 0-2 синоќа. „Петлите“ го завршија натпреварот со намален состав, откако Хјун-Мин Сон беше исфрлен со црвен картон во 62-та минута.
Дури и по натпреварот, португалскиот менаџер изрази гнев поради одлуката на судијата да го избрка неговиот играч, а денес објави дека клубот ќе поднесе жалба на картонот.
– Судијата згреши при ситуацијата со црвениот картон на Сон. Ние ќе ја обжалиме неговата одлука. Со вакви пресуди, ние го убиваме најсилното првенство во светот!, смета Специјалниот.