На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска ќе биде презентиран новиот јавен повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „стартап“ и „спиноф“ – „Стартапувај 2”, финансиран од Фондот за иновации и Светска банка.

Најавени се обраќања на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и на ректорот на Универзтитот на Југоисточна Европа проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Условите за аплицирање и критериумите на овој инструмент ќе ги презентира Пиштар Љутфиу, член на управниот одбор на ФИТР.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 11:41