Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се разговара за начините како да се зголеми економската соработка со соседна Србија.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак-Томиќ, претседателот на Управниот одбор на „Алкалоид“ и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар на „Свислион“ Александар Јањиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 12:42