Во пресрет на новогодишните празници денеска градоначалниците на Аеродром и Шуто Оризари доделија новогодишни пакетчиња.
Од општина Аеродром информираа дека градоначалникот Златко Марин го посетил Дневниот центар за деца со ментална и телесна попреченост и Дневниот центар за деца со аутизам каде на дечињата им поделил новогодишни пакетчиња и им посакал година исполнета со љубов и радост.
Во општина Шуто Оризари, градоначалникот Курто Дудуш поделил над 900 новогодишни пакетчиња. Вкупно 170 пакетчиња се поделени во детската градинка „8-ми Април“, 380 за учениците во прво одделение во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ и 265 пакетчиња во ОУ „26 Јули“. За децета на локалните комунални работници во општината биле издвоени 130 новогодишни пакетчиња.