Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска заедно со претседателот на Здружението на трудови инвалиди – пензионери Велибор Ристиќ поделија хуманитарни пакети на лицата со поголем инвалидитет кои имаат мали примања.

Од општината информираа дека се поделени вкупно 60 хуманитарни пакети од кои првите 20 пакети лично им ги доставил градоначалникот до нивните домови, а останатите биле поделени денеска во големата сала на општината.

– Општина Бутел, како и градоначалникот Смилевски со негови лични средства, секоја година дава поддршка на овие загрозени категории во пресрет на верските и останатите празници без исклучок на нивната припадност, се наведува во денешното соопштение од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 15:58