Делегација на Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски денеска направи увид во работните активности за пошумување на земјиштето покрај патот кој води кон населеното место Теферич.

Како што соопшти Општината, пошумувањето на површина од 2.000 метри квадратни се врши со цел да спречи повторна ерозија/свлечиште на санираниот пат.

Општината свлечиштето целосно го санираше овој месец и во должина од 200 метри го асфалтираше патот.

По акцијата за садење багреми, на земјиштето ќе се постави летниковец и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 16:08