Корисниците од Дневниот центар за деца од улица од Шуто Оризари денеска заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го посетија планинарскиот дом на Водно.
Градоначалникот Шилегов во пресрет на новогодишните празници им подели пакетчиња и им посака среќа и здравје во новата 2020 година.
За децата беше организиран и едукативен дел – членовите на планинарскиот клуб ПСК „Бистра“ зборуваа за планинарењето и за неговото значење за здравјето, а спасителите од Спасителната станица на Црвениот крст на Водно се осврнаа на безбедноста при движење на планина, за заштитата од повреди и за укажувањето прва помош во случај на незгоди при планинарење.