Продажбата на услуги во третото тримесечје од годинава бележи пораст од 2,9 проценти во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Објавените податоци покажуваат дека најголем пораст има кај услугите поврзани со одржувањето згради и дејностите за уредување и одржување на животната средина, како и кај дејностите за изнајмување и давање под закуп или лизинг. Најголемо намалување има во дејноста емитување програма.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 16:48