Училишната заедница на СУГС Гимазија "Никола Карев" во соработка со Агенција за млади и спорт и еколошкиот "Биди зелен клуб - Никола Карев" Ве покануваат на незаборавен настан кој ќе се одржи на 27 декември (петок) со почеток во 19:30 часот во училиштето Никола Карев.

Започнуваме со турнир во табла проследен со свирка. Ќе настапуваат бендови од Карев - Basement cult, Пешачки премин,4:33 и како гости се средношколските бендови: Волт и Алтер его.

Исто така, има интересни наградни игри. На инстаграм профилот на @mladinska_karticka е објавена специјалната награда, седумдневно патување за двајца на островот Крф, обезбедена од Escape Travel Agency. Победниците ќе бидат случајно извлечени и прогласени на самиот настан.

За време на настанот книжарница ТРИ ќе има штанд на кој што ќе има најразлични книги со ПОПУС до дури 50%.

Настанот има еколошки карактер, па затоа влезница ќе бидат две пластични шишиња или една празна батерија.

Каревци максимално се потрудија да го задржат својот имиџ за организација на најдобри свирки и ја оправдаа титулата за еко-училиште. За направениот отпад ќе се погрижи ЗГ Гоу Грин. Ве охрабруваме да дојдете и ве очекуваме во голем број.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 17:13