Национален форум за волонтерство чија цел е преглед и дискусија за состојбите со законската регулатива за волонтерство во државата, како и дискусија и насоки за потребата од подготовка на нова национална стратегија за промоција и развој на волонтерството 2020 – 2025 денеска ќе се одржи во Скопје.

На форумот е предвидено учество на претставници од граѓански организации и фондации што работат на полето на промоција и развој на волонтерството, како и претставници на Владата, Министерството за труд и социјална политика и на други јавни институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2019 10:25