Министерството за правда водејќи се од начелата на социјална правда и правичност до крајот на неделата ќе излезе со предлози на закони коишто ќе бидат од огромен бенефит за граѓаните.

Од Министерството за правда посочуваат дека станува збор за три законски решенија – дел кои предвидуваат измени во Законот за извршување, но и создавање на посебни закони за решение на каматите и репрограмирањето на долговите.

-Потсетуваме дека го изменивме Законот за извршување, го доуредивме постапувањето на извршителите и сериозно ја намаливме Тарифата на извршителите. Така, за извршување на платните налози за комунални дејности, трошоците на граѓаните се намалени најмалку пет пати. Единаесет ставки од Тарифата на извршителите со новите измени се сега бесплатни, односно за нив извршителите немаат право да наплаќаат трошоци, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Во однос на денешниот протест на Комората на извршителите, од Министерството укажуваат дека Комората е автономна во своето одлучување.

-Во креирањето на законските решенија, Министерството за правда ги разгледува опциите за правичност во извршувањето и заштита како на доверителите, така и на должниците, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2019 17:32