Општина Карпош проби нова улица „Новопланирана“ 3 во Тафталиџе 1, меѓу улицата „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

За нејзина целосна реализација, како што соопшти Општината, беше извршено асфалтирање на коловозот во должина од 142 метри и девет метри широчина. Долж улицата се поставиле и два тротоари за безбедно движење на пешаците.

– Оваа нова улица, во голема мера ќе го растовари сообраќајот во делот од Карпош каде што непланската урбанизација придонесе за создавање на голем сообраќаен метеж, наведуваат во соопштението.

Локалната самоуправа и во Новата 2020 година, се вели во соопштението, ќе продолжи да работи на подобрување на инфраструктурата и овозможување на подобар пристап и движење за сите учесници во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 11:50