Товарен брод заринка на брегот во Истанбул, јави Си-Ен-ЕН Турк.

Засега нема информации за жртви или повредени во инцидентот, поради кој е затоворено целото пристаниште во Бофорскиот теснец.

Станува збор за бродот „Сонга Иридум“ што пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал кон пристаништето Амбарли во Истанбул, пренесоа британските медиуми.

Весникот „Хуриет“ пишува дека бродот испловил од пристаништето Одеса во Украина, и дека се заринкал 25 минути по влегувањето во Борфорскиот теснец.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 21:48