Врховниот суд на Мексико пресуди дека името на шефот на државата Андрес Мануел Лопес Обрадор неправилно е користено за време на анкета меѓу сиромашните луѓе.

Анкетата се спроведувала за државна програма за помош. Некои од анкетарите носеле ознаки и ранци со името на претседателот.

Судот пресудил дека со тоа е прекршен законот, кој на функционерите им забранува да користат државни средства за сопствена промоција.

Меѓутоа, судот утврдиле дека ниту претседателот, ниту неговиот советник за социјални прашања, ниту нивната партија не се одговорни за тој прекршок. Наместо нив обвинети се пониски државни и локални функционери, за кои се смета дека „претерале“ во промовирањето на кампањата која ја започнал претседателот меѓу сиромашното население. Судот не презицирал за какви точно прекршоци станува збор или која е казната за тоа.

Опозицијата го критикува Лопес Обрадор дека неговата партија користи државни средства за купување на гласови и влијание врз избирачите, но и поради концентрација на власта, одлучувањето и јавното информирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2019 16:15