Новата година претставува почеток на еден убав, продуктивен и многу среќен период во кој треба да дојде до остварување на многу желби.

Долгата традиција за прослава на Новата година доведе до многу суеверија кои и денес владејат во нашето општество. Повеќе верувања се поврзани за работи кои никако не смееме да ги направиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во идната година.

Едно од важните верувања се однесува на емотивните односи со блиските луѓе. Имено, никако не смеете да заборавите да им честитата на вашите блиски Нова година, бидејќи така ќе се оддалечите од нив во идната година.

Финансиската сигурност е една од работите за кои се стреми секој од нас, па постои цврсто верување дека на 31 декември и на 1 јануари не треба да се позајмуваат пари, бидејќи таков почеток на новата година претскажуваат нови 12 месеци со материјални проблеми.

Не изнесувајте ништо од дома на 1 јануари! Ова верување важи апсолутно за сè, се верува дека на овој ден дури не смеете да го изнесете ни сметот од дома. Меѓутоа, колку и да звучи ригидно, ова правило е флексибилно. Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат предмети на 1 јануари, ако претходно нешто се внесе во домот. Има и такви кои пак сметаат дека не е добро дури и да се чистат теписите тој ден.

Покрај сексистичкиот призвук, едно од старите верувања вели дека првото лице кое ќе влезе во домот по полноќ не треба да биде жена, бидејќи порано се сметало дека жените донесуваат несреќа. Исто така, порано се сметало дека првото лице кое ќе влезе во домот не треба да биде некој кој има руса или црвена коса.

Секако, ова не значи дека не треба да примате русокоси или црвенокоси роднини, добра пријателка или партнер, кои ќе ви дојдат на забава по полноќ.

За многу лош знак се смета и на првиот ден во новата година никако не треба да се јаде пилешко или мисиркино месо. Причина за тоа е што птиците порано се сметале за нечисти. Со оглед на тоа, се верува дека нечистотијата која така ќе ја внесете во домот, никако нема да ја исчистите во тек на цела година.

Иако владее верување дека треба да се направи по некоја ситница во врска со работата, треба да се биде умерен.

Суеверието вели дека не е добро претерано да се работи на 1 јануари. Големото ангажирање, посебно почнувањето на нови активности на овој ден значи дека тоа нема да биде просперитетно, туку напротив, ќе биде осудено на неуспех.

Во нашето општество владее верување дека на некој црковен празник никогаш не треба да се занимавате со домашни работи. Истото верување важи и за Новата Година, но луѓето веруваат дека на овој ден дури не треба ни да се мијат чинии.

Потрудете се да бидете во добро расположение, бидејќи постои верување дека тие емоции што ќе ги имате на 1 јануари, ќе ве следат во текот на цела година.

Старите Срби верувале дека дури и ветерот може да биде добар показател каква ќе биде претстојната година. Па така, ако нема ветер или дува од југ, тоа значи дека следната година ќе биде добра и плодна. Од друга страна, ако ветерот дува од исток, годината ќе донесе немаштија и неволји.

30 декември 2019 Телеграф – Белград



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2019 11:16