ЈП Комунална хигиена-Скопје ги прогласи своите пет најуспешни работници во 2019-тата година. Станува збор за работниците за собирање отпад Зулфи Алиу и Тефик Усеин, мијачот на возила Фејзо Фејзов, работникот на вага Исмаил Исмаил и Ирфан Мифтари – работник за собирање индустриски неопасен отпад.
Директорот Абдусамед Шабани им додели признанија и ги награди петте најуспешни работници во Претпријатието, посочувајќи ги како пример за квалитетно извршување на работните задачи.
– Овие пет работници покажаа особена успешност и постигнаа исклучителни резултати во работењето. Тие ги извршуваат своите обврски во најтешките работни услови и затоа ми претставува голема чест што можев да ги наградам и да им покажам колку го ценам нивниот труд. Оваа практика за прогласување пет најуспешни работници ја воведуваме за прв пат во ЈП Комунална хигиена-Скопје и искрено се надевам дека ќе прерасне во традиција – изјави Шабани.