Стартап Македонија достави иницијатива до Министерството за економија за измена на член 29 од Законот за трговски друштва и воведување конвертибилен заем (заем што се трансформира во влог). Тие промени треба да го отворат патот кон стимулирање нов пристап за финансии за стартап компаниите – инвестиции од бизнис ангели.
-Во досеага реализираните инвестиции, бизнис ангелите влегуваат во сопственичка структура во стартап компанијата каде инвестираат, во истиот момент со инвестирањето. Ова е ретка пракса во другите држави бидејки на почеток тешко се определува потенцијалната вредност на една стартап компанија, па затоа и уделот кој што треба да го земе бизнис ангелот се определува тешко. Преку воведување на конвертибилен заем, (заем што се трансформира во влог), бизнис ангелот ќе може да одлучи после неколку години дали воопшто сака да е дел од сопственичката структура, во случај ако стартап компанијата не работи според очекувањата, но доколку има раст ќе може соодветно да се определи уделот според вредноста, соопшти Стартап Македонија.
Оттаму појаснуваат дека во однос на останатата промена, член 29 од ЗТД ќе му оневозможи на инвеститорот да основа друга компанија, во случај ако претходно инвестирал во стартап компанија која има блокада на жиро сметка т.е. е презадолжена.
Иницијативата на Стартат Македонија се базира на „Законска и финансиска анализа“ чија цел е да се поттикнат измени во постоечката регулатива и да се отстранат пречките за инвестирање.
Според аналзиата, до 2014 година нема достапни податоци за инвестициите од бизнис ангели пријавени до Европската мрежа на бизнис ангели. Во 2014 година државава пријавила вкупно инвестиции со сума од 0,8 милиони евра до Европската мрежа на бизнис ангели. По ова, во наредните две години, има стабилна нагорна линиија со пораст на бројот на инвестиции, т.е. во 2015 година вкупните инвестиции изнесуваат 1,2 милиони евра, а во 2016 година изнесуваат 1,4 милиони евра.
Според последнитете познати податоци пријавени во Европската мрежа на бизнис ангели, вкупната инвестиција во 2017 гпдина бележи значителен пад. Пријавената инвестирана сума изнесува 0,02 милиони евра. Согласно понатамошната анализа на политиката, нема значителни мерки усвоени од Владата со цел да се стимулира овој тип на инвестирање