Во трговијата на мало, во ноември годинава во споредба со истиот месец лани, има зголемување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 7,8, а реално за 6,2 отсто.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, зголемување на прометот има и во групите Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 22,9, а реално за 23 отсто), и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15,9, а реално за 15 отсто).

Намалување на прометот, пак, е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива и тоа номинално за 14,8, а реално за 9,9 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2019 15:41