Новата 2020 година е престапна што значи дека наместо вообичаените 365 дена, годинава има еден ден повеќе. Престапна е секоја четврта година во која февруари наместо 28 има 29 дена.
Ова е престапна година која почнува во среда и повторно ваква престапна година ќе има во 2048 година.
Според народните верувања, во престапна година не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Народот верувал дека се што се прави во престапна година е со краток рок иако годината има еден ден повеќе. Затоа верувале дека во престапна година не се прават свадби и венчавки. Среќни во ваква година, според народот, се само децата родени во таа година.
Новата година беше дочекана ширум светот со спектакулани огномети. Први ја дочекаа Новата година жителите на Кирибати, Самоа и Божиќниот Остров во Тихиот Океан, а последни жителите на Американска Самоа. Она што остана дел од новогодишната ноќ се и пожарите во Австралија, протестите во Хонг Конг и Индија и нуклеарните тензии со Северна Кореја. Годинава, во Русија новогодишната ноќ помина без вообичаената снежна покривка поради многу топлиот декември во Москва.
Во земјава над 60.000 граѓани ја дочекаа Новата Година на плоштадот во Скопје забавувајќи се со музиката на босанската ѕвезда Дино Мерлин, а за Скопјани, Новата година почна и со близнаци.