Глумицата Моли Фицџералд, која е позната по хит-филмот „Капетан Америка: Првиот одмаздник“, е уапсена под обвинение за убиство на својата мајка во Канзас, САД.

Патриша Фицџералд (68) била пронајдена мртва во нејзиниот дом на 20 декември, а нејзината ќерка беше уапсена завчера. Таа е обвинета за убиство од втор степен. Одредената кауција е половина милион долари.

Засега не се познати мотивот и точните околности на убиството.

– Ние сме во шок, но околностите не се битни. Важно е тоа дека ја изгубив сестра ми, изјави братот на жртвата – Гери Хунзикер за „Канзас Сити стар“.

Фицџералд е глумица, режисер и продуцент. Во 2011 година се појави во филмот за суперхеројот Капетан Америка, каде што му беше и асистентка на режисерот Џо Џонсон.

Последни филмови каде што таа глумеше се „Trouble Is My Business“ (2018), како и кусите „Girl of My Dreams“ (2017) и „King of Wishful Thinking“, којшто е во постпродукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2020 12:02