Резултатите од наградната игра Мој ДДВ#Моја награда се и над очекувањата. За 15 дена во декември, откако стартуваше наградната игра се скенирани онолку сметки колку што во претходниот период се скенирале просечно за еден месец има поголема наплата на ДДВ.

-Од јули минатата година просечно месечно се скенирале по осум милиони фискални сметки. Сега само во декември имаме 12,5 милиони фискални сметки, односно раст од над 53 проценти. Ако го земеме периодот од 15 декември до 31 декември имаме осум милиони скенирани фискални сметки, односно во 15 дена се скенира колку што просечно се скенирале во претходниот период во текот на еден месец, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конфернеција посветена на реализација на Буџетот за 2019 година.

Според министерката важно е дека станува збор и за поголема наплата на ДДВ, односно во декември растот на наплатата на ДДВ изнесува 12 проценти, додека наплатениот ДДВ од скренираните сметки бележи раст од 59 проценти.

-Овие бројки говорат за резултатите, за популарноста на наградната игра, за тоа колку повеќе луѓето ги скенираат сметките, учествуваат во борбата против сивата економија и оваа наградна игра ги стимулира за повеќе и повеќе да се вклучат заедно во борбата против сивата економија, а од друга страна со ова влијаеме и на зајакнување на даночниот морал, истакна министерката за финансии.

Ангеловска посочи дека расте и бројот на нови корисници, така што има веќе над 200 илјади инсталации на мобилната инсталација.

Потсети дека првото извлекување на првите 15 награди од по 100 илјади денари ќе се случи на 4 јануари во терминот по Лото извлекувањето на Канал 5 телевизија.с



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2020 01:17