Џулијан Кастро, поранешниот член на претседателскиот кабинет на Барак Обама, ја напушти борбата за нов американски претседател од редовите на демократите, речиси една година откако ја најави својата кандидатура за позицијата во Белата куќа.

Кастро се откажа откако не успеа да собере доволно подршка и донации за да се приклучи кон неодамнешната дебата на демократите. Според најновите истражувања, поддршката на избирачите кон Кастро изнесувала околу еден отсто. Политиката, на сега поранешниот демократски кандидат, беше фокусирана на здравството и реформата на судството, наведуваат агенциите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2020 01:51