Израел го зголеми степенот на борбена готовност на својата војска, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја скрати својата посета на Грција, откако во американски воздушен напад во Ирак утринава беше убиен генералот Касим Сулејман, командант на иранската Револуционерна гарда, а Иран се закани со жестока одмазда.

Израел, најблискиот американски сојузник на Блискиот исток и најголемиот регионален непријател на Иран, не реагираше појавно на смртта на Сулејман, како и на командантот на проиранската ирачка милиција Абу Махди ал-Мухандис.

Кабинетот на Нетанјаху, сепак, потврди дека тој порано ќе се врати од посетата на Грција, пренесуваат британските медиуми.

Израелското воено радио објави дека војската ја зголемила готовноста, а министгерот за одбрана Нафтали Бенет се состанал со воените и разузнавачките шефови на која се направила проценка на ситуацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2020 13:14