Центарот за природни ресурси и заштита во Западна Суматра соопшти дека нивни научници го пронашле можеби и најголемиот цвет од билката „рафлесија арнолди“, што би било светски рекорд. Обемот на цветот е 107 сантиметри.
Билката често се нарекува и „цвет лешинар”, поради своите паразитски својства и одбојниот мирис. Овој вид којшто вирее на индонезиските острови Суматра и Борнео е позната по тоа што ги има едни од најголемите цветови на светот.
На истото место 2017 година е пронајдена досегашната најголема „рафлесија арнолди“.
Оваа билка е паразит без корења и листови и може да преживее само со помош на билката тетрастигма. Одбојниот мирис кој цветот го испушта ги привлекува инсектите што го опрашуваат.
„Рафлесија арнолди“ цвета само еднаш годишно, меѓу август и октомври, но нејзиниот живот е со кус век – само две седмици по процветувањето, таа овенува.