По одигрувањето на последните натпревари од групната фаза од АТП Купот, станаа јасни имињата на сите осум четвртфиналисти, откако екипите на Белгија и Канада продолжуваат напред како најдобрите екипи, кои завршиле на второто место во шесте групи.

Во директен судир за првото место денес, Аргентина ја совлада Хрватска со 3:0, што ги остави Хрватите надвор од топ 8 на турнирот.

Во групата А, која Србија ја освои уште пред два дена, Франција и Јужна Африка разменија два натпревари во сингл, губејќи ги шансите да преминат во следната фаза.

Во групата Б, Шпанија ја совлада Јапонија со 3:0, со што ги исфрли Јапонците од четвртфиналето.

На овој начин, Белгија и Канада се приклучија на победниците во шесте групи: Србија, Шпанија, Аргентина, Австралија, Русија и Велика Британија.

Првите две четвртфиналиња ќе се играат утре: Велика Британија – Австралија и Аргентина – Русија, додека во петок Србија се соочува со Канада и Шпанија се среќава со Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2020 23:21